Hüseyin Burak Demirer
21 Јануари 2021•Ажурирај: 22 Јануари 2021
АНКАРА (АА) - Во американската Национална кошаркарска лига (НБА) последнава недела е спроведено тестирање на кошаркарите и тренерскиот персонал на новиот тип коронавирус (Ковид-19), при што на овој вирус биле позитивни 11 кошаркари, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението што го објави НБА, во периодот од 14 до 20 јануари тестирани се 502 кошаркари, при што 11-мина биле позитивни на коронавирусот.
Кошаркарите кои се позитивни на тестот, остануваат во карантин сѐ додека не им се дозволи да го прекинат, во согласност со здравствените протоколи.