Ahmet Furkan Mercan
26 Јули 2020•Ажурирај: 26 Јули 2020
ТОКИО (АА) – Во Северна Кореја, во пограничниот град Каесонг пријавен е првиот сомнителен случај на Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите на северно корејската Централна новинска агенција (KCNA), приведено е едно лице од градот Каесонг под сомнение за Ковид-19, кое нелегално влегло во Северна Кореја минатата недела.
Лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун на Централниот комитет на владејачката Корејска работничка партија (WPK) направи проценка во однос на ова прашање.
Ким порача дека максимално ќе бидат спроведени мерките против епидемијата. „Ситуацијата е критична и покрај интензивните превентивни мерки против епидемијата преземени на секое поле низ целата земја во изминатите 6 месеци.“
Нагласувајќи дека од петокот Каесонг е затворен за влез и излез, Ким рече дека луѓето што патувале во последните пет дена се ставени во карантин.
Администрацијата на Пјонгјанг на почетокот на 2020 година соопшти дека патувањата со Кина се прекинати и дека во земјата нема опасност од Ковид-19.