Nuri Aydın
04 Мај 2020•Ажурирај: 05 Мај 2020
АНКАРА
Јужна Кореја ги отвора џамиите, кои претходно беа затворени поради ширењето на Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од Федерацијата на заедници на муслимани на Кореја е наведено дека откако три дена во земјата не е забележан ниту еден случај на заразување со Ковид-19, донесена е одлука од среда џамиите да се отворат за верниците.
Потврдено е дека во првата фаза, џамиите ќе бидат отворени само за петочната молитва (џума намаз) и терави намаз (вечерна молитва кој се клања за време на Рамазан).
Федерацијата повика и понатаму да се почитуваат мерките воведени со цел сузбивање на ширењето на коронавирусот, и за време на молитвата верниците да се придржуваат на социјалната дистанца.
Тие предупредија верниците пред влегување во џамиите задолжително да стават маски на лицето и да ги дезинфицираат рацете.
Јужнокорејската влада ги повика верските групи да се воздржат од масовно извршување на верски обреди.
Во Јужна Кореја досега на Ковид-19 се позитивни 10.801 лица, а починаа 252.