Islam Doğru
06 Април 2020•Ажурирај: 07 Април 2020
ЊУЈОРК
Според податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“, во САД од последиците на Ковид-19 починале над 10.000 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
До сега во САД се забележани 10.335 смртни случаи од последиците на Ковид-19 и 347.003 потврдени случаи на заразување.
Генералот Жероме Адамс, првиот човек на Јавниот здравствен систем на САД, вчера предупреди дека оваа недела ќе биде една од најтешките и најтажните за земјата.
„Ова ќе биде најтешка и најтажна недела во животите на повеќето Американци. Ова ќе биде нашиот Перл Харбор и нашиот 11-ти септември, но нема да биде локализиран, туку ќе се случува низ целата земја “, изјави Адамс за американските медиуми.
Д-р Дебора Брикс, која го предводи тимот за одговор на Ковид-19, кон средината на минатата недела во Белата куќа го претстави моделот за потенцијалниот број на починати од Ковид-19 во САД.
Според тој модел, доколку жителите на САД ги следат упатствата за социјална оддалеченост и упатства за јавно здравје тогаш во земјата би имало помеѓу 100.000 и 240.000 смртни случаи. Доколку не се следат дадените упатства, тогаш моделот предвидува смрт на 1,5 до 2 милиони лица.
Њујорк е најтешко погодена држава од пандемијата на Ковид-19 со речиси 5.000 смртни случаи. Од потврдените 130.689 случаи во државата, починале вкупно 4.758 лица.
САД се земја со најмногу потврдени случаи со коронавирус, а потоа следуваат Шпанија, Италија и Германија.