Barış Kılıç,Abdullah Yasin Güler
13 Април 2020•Ажурирај: 14 Април 2020
АНКАРА
Министерот за здравство на Турција Фахретин Коџа даде изјава во врска со случувањата поврзани со Ковид. Министерот Коџа информираше: „Во последните 24 часа од Ковид-19 починаа 98 лица, а вирусот е детектиран кај 4.093 лица. Досега од Ковид-19 починаа 1.296 лица, додека новиот тип на коронавирусот е детектиран кај 61.049 лица“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерот Коџа зборуваше и за големиот број на тестови што се прават во Турција, велејќи „Раната дијагностика и третман (на Ковид-19) го зголемува бројот на излекувани пациенти“.
Околу бројката на излекувани лица од новиот тип на коронавирусот, министерот Коџа рече „Последните 24 часа во Турција од Ковид-19 се излекуваа 511 лица, со што вкупно бројкана излекувани лица во земјата изнесува 3.957 пациенти“.
Тој нагласи дека 34.456 тестирања се спроведени во текот на изминатиот ден, при што вкупниот број на тестирања досега изнесува 410.556.
Во Турција во моментот на одделот за интензивна нега се лекуваат 1.786 пациенти.