Büşra Selvi Öğütcen
14 Мај 2022•Ажурирај: 16 Мај 2022
ВЕЛИНГТОН (АА) - Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, е позитивна на Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Ардерн сподели фотографија на нејзиниот профил на социјалните мрежи на која се гледа дека нејзиниот тест за Ковид-19 е позитивен.
Додаде дека тестот за Ковид-19 бил позитивен и кај останатите членови на нејзиното семејство.
Таа истакна дека Кларк Гејфорд, со кого е долго време заедно и кој е татко на нејзиното дете, е во изолација од 8 мај, и дека и неговиот тест за Ковид-19 е позитивен.
Ардерн рече дека таа и нејзината ќеркичка Неве Те Ароха се заразиле во изминатиот период.
Изрази жалење што оваа недела нема да може да присуствува на работите кои се многу важни за Владата на Нов Зеланд и нагласи дека ќе биде во контакт со нејзиниот тим.
Ардерн има примено две дози од вакцината против Ковид-19.