Emre Gürkan Abay
30 Март 2020•Ажурирај: 31 Март 2020
МОСКВА
Претседателот на Русија Владимир Путин истакнувајќи дека ги поддржува „екстремните“ мерки за превенција против пандемијата на новиот тип на коронавирусот Ковид-19 рече „Можеби некои превентивни мерки насочени кон вирусот делуваат екстремни, но подобро е тоа отколку потоа да жалиме“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Претседателот Путин преку видео линк одржа конференција со претставници на регионалните влади на Русија, на која зборуваше во врска развојот на пандемијата на новиот тип на коронавирусот на ниво на целата земја.
Зборувајќи дека во значителен процент е спречено проширувањето на Ковид-19 на ниво на Русија, Путин истакна: „Овој успех им припаѓа на нашите експерти за епидемиологија. Сите нивни совети мораат стого да се следат“.
Наведувајќи дека се преземени главните чекори за да се спречи раширувањето на вирусот во јавноста, Путин истакна: „Сепак, базирајќи се врз основа на искуствата од другите земји, потребно е да се спроведат потребни обуки, студии и формирање на многу повеќе центри за дијагностицирање на вирусот во сите подрачја“.
Посочувајќи дека покрај ограничувањето за забраза за излегување на улица во подрачјето на Москва го поддржува преземањето и на други „построги“ мерки, Путин рече „Во овој случај потребно е да се преземат сите потребни мерки. Можеби некои мерки делуваат како прекумерни, но подобро е тоа отколку потоа да жалиме“.
Путин истакна дека најважен фактор во борбата против вирусот е ограничување на изворите кои го дистрибуираат самиот вирус и додаде:
„Во рамките на борбата со новиот тип на коронавирусот потребно е да се направи проценка за бројот на леглата во болниците, медицинската опрема и инхалаторите. За успешна борба со вирусот препорачливо е создавање на резерви на лековите што се користат против вирусот и навремено исплаќање на платите на лекарите. Покрај тоа, потребно е регионалната администрација одблизу да ја следи целата ситуација за да не дојде до зголемување на цените на прехрамбените производи.
Според информациите што ги објави рускиот Центар за контрола и превенција на коронарни вируси, во земјата се детектирани 1.836 случаи на заразени, додека бројот на починати изнесува 9.