Islam Doğru
16 Јули 2020•Ажурирај: 17 Јули 2020
ЊУЈОРК
Во Соединетите Американски Држави (САД) во последните 24 часа починаа 1.011 лицa од новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати во оваа земја се зголеми на 140.200 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
САД се наоѓаат на врвот на листата на земји во светот најмногу погодени од Ковид-19, и се епицентарот на оваа пандемија.
Според интернет страницата „Worldometer“, во САД во последните 24 часа потврдени се 71.117 случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи во земјата се искачи на 3.619.663.
Од Ковид-19 во САД починаа уште 1.011 лицa со што вкупната бројка на починати се искачи на 140.200.
Што се однесува до најголемата бројка на случаи, по САД следуваат Бразил со 1.972.072 откриени случаи, Индија со 976.826 откриени случаи, и Русија со 752.797 откриени случаи.
Од друга страна, американската сојузна држава Њујорк се наоѓа на врвот на листата на сојузни држави на САД кои се најмногу погодени од овој вирус, по кој следуваат Калифорнија и Флорида.
Во Њујорк откриени се 430.277 случаи со Ковид-19, додека како последица на овој вирус починаа 32.495 лица.
Во САД досега се направени над 44 милиони и 850 илјади тестирања за Ковид-19. Бројката на излекувани лица од овој вирус надмина 1 милион и 647 илјади.