Safvan Allahverdi
28 Април 2020•Ажурирај: 29 Април 2020
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, во рамките на борбата против новиот вид коронавирус и билатералната соработка оствари телефонски разговор со претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Помпео, според изјавата на портпаролот на американскиот државен секретар, Морган Ортагус, во телефонскиот разговор со претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, се осврнал на соработката меѓу двете земји во однос на борбата против Ковид-19, исто така упатил честитка до Северна Македонија за членството во НАТО и за одлуката за започнување на преговорите за членство во Европската Унија (ЕУ).
„Помпео му честиташе за лидерството на претседателот Пендаровски и на Владата на Северна Македонија за преземањето на овие чекори, за кои Соединетите Американски Држави (САД) веруваат дека ќе обезбедат поголема стабилност и просперитет на Западен Балкан“, се вели во изјавата.
Портпаролот Морган Ортагус во писмената изјава истакна дека Помпео имал телефонски разговор и со францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ив Ле Дријан, како и со султанот на Оман, Хејсем бин Тарик.