САРАЕВО (АА) – Документарниот филм „Докази“, кој го подготви Агенција Анадолу за израелските воени злосторства во Појасот Газа, беше прикажан денес во Сараево на Седмиот меѓународен фестивал на документарен филм „Ал Џезира Балканс“ (АЏБ ДОК/AJB DOC), јавува Анадолу.
Анадолу е глобален комуникациски партнер на АЏБ ДОК 2024AJB, кој ќе трае до 17 септември.
На проекцијата одржана во киното Синеплекс во Сараево присуствуваа амбасадорот на Туркије во Босна и Херцеговина, Садик Бабур Гиргин, амбасадорот на Палестина во Босна и Херцеговина, Абдурезак Намура, теренскиот продуцент на филмот Омер Фарук Тунч, претставници на палестинската заедница во Босна и Херцеговина, претставници на здружението на жртви од војната во Босна и Херцеговина, вработени во Агенција Анадолу, бројни гости и граѓани.
- Тунч: „Клучот за постигнување правда се доказите“ -
Теренскиот продуцент Омер Фарук Тунч, говорејќи за Анадолу за тоа како настанала идејата за овој филм, рече дека фоторепортерите на Анадолу во Газа дошле до сериозни наоди дека во регионот се користени фосфорни бомби. Тој наведе дека тогаш по инструкции на генералниот директор на Анадолу, Сердар Караѓоз, било спроведено детално истражување. Тој напомена дека прво е објавена монографијата „Докази“.
„Докази“ првпат беа објавени како фотоархива со визуелни детали и докази. Врз основа на таа книга, почнавме да снимаме документарен филм наречен „Докази“ со цел дополнително да ги прошириме тие документи во видео, во визуелна и документарна смисла“, рече Тунч.
За време на процесот на правење на филмот, се одржаа средби со претставници на Амнести Интернешнл, користејќи ги нивните наоди и истражувања на терен. Филмот содржи интервјуа со голем број значајни личности, од меѓународни експерти, од Хјуман рајтс воч, претставници на Обединетите нации, поранешни војници на израелските одбранбени сили и поранешни израелски адвокати.
„Сметаме дека тое е квалитетен документарец, се надеваме дека ќе им се допадне и на нашите гледачи. Посебно сме среќни што овој фестивал Ал Џезира Балканс е организиран и гледаме дека на дневен ред како главна тема е ставено прашањето за „правдата“. Сметаме дека доказите се клучни за постигнување правда, бидејќи правдата значи доказ“, заклучи Тунч.
Амбасадорот на Палестина во Босна и Херцеговина, Резек Намура, во разговор за Анадолу, истакна дека ова не е првпат да се користат фосфорните бомби против цивилното население од страна на израелскиот окупатор во Газа.
„И во претходните војни се користеа и фосфорни бомби како и други видови оружје. Користени се бомби од по еден или два тона. Ваквото оружје е употребено против цивилното население. Кога зборуваме за фосфорните бомби мора да ги имаме на ум последиците што ги оставаат, како врз здравјето, така и врз целата животна средина“, порача Намура.
Претседателот на Палестинската заедница во Босна и Херцеговина, Маџид Маруф, истакна дека прикажувањето на ваквите филмови е многу важно.
„Тоа значи многу за палестинскиот народ, за палестинскиот отпор и за правдата во светот. Треба да докажеме, треба да ги изнесеме фактите за злосторството и геноцидот што се случува во Газа и кој трае повеќе од 11 месеци. Народите и луѓето во Европа и целиот свет треба да ја видат вистината. Ние страдаме веќе 76 години, а израелската ционистичка пропаганда се обидува да покаже дека Израелците се жртви, што не е точно. Преку овој филм можеме да ја видиме вистината и доказите кои ќе ги изненадат луѓето и по кој поинаку ќе гледаат на она што се случува во Газа“, рече Маруф.
По проекцијата, продуцентот на филмот Омер Фарук Тунч и директорот на регионалната канцеларија на Анадолу, Хакан Челик, им ја врачија монографијата „Докази“ на амбасадорот на Палестина, Намура, на амбасадорот на Туркије во БиХ, Гиргин, на претставникот на Катарската амбасада во БиХ, Фарук Вела, и директорот на фестивалот АЏБ ДОК Едхем Фочо.
Теренскиот продуцент Омер Фарук Тунч потоа одговараше на прашања во Синеплекс.
По објавувањето на монографијата за израелските акции во блокираната палестинска енклава Газа од 7 октомври 2023 година, новинската Агенција Анадолу сними 52-минутен документарен филм што ги прикажува израелските воени злосторства. Содржи фотографии и снимки направени од репортери на Анадолу, како и интервјуа со релевантни соговорници на оваа тема.
По премиерната проекција во Анкара, овој документарен филм имаше меѓународна премиера во Лондон, а потоа и панел во Парламентот на Велика Британија.
За случувањата во Појасот Газа во филмот говорат претседателката на Меѓународниот суд на правдата Џоан Е. Донохју, специјалната известувачка на Обединетите нации, Франческа Албанезе, заменик-регионалната директорка на Амнести интернешенел за Блискиот Исток и Северна Африка, Аја Маџзуб, поранешниот извршниот директор на Хјуман Рајтс Воч, Кенет Рот и многу други.
Документарниот филм „Докази“ ги истражува воените злосторства извршени од Израел врз палестинското население во Газа, со фокус на употребата на бел фосфор од страна на Израел, оружје забрането според меѓународното право.