Ömer Faruk Yıldız
22 Март 2023•Ажурирај: 23 Март 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - На 76-годишна возраст почина режисерот Питер Вернер, добитник на наградата Оскар, познат по неговите успешни ТВ-серии, пренесува Анадолу.
Според веста на интернет-страницата „Deadline“, Вернер бил пренесен во болница по руптура на аортата, и починал како последица на срцеви компликации.
Режисерот е роден во Њујорк, додека додипломските и постдипломските студии ги завршил во областа на документарната продукција.
Тој во 1971 година го сними својот прв филм именуван како „Hidden and Seeking“.
Со краткометражниот филм „In the Region of Ice“, Вернер во 1976 година ја доби наградата Оскар во категоријата „Најдобар краткометражен филм“, додека 4 пати беше номиниран за наградите Еми.
Вернер беше познат по своите ТВ-серии, како „Proof“, „Bull“, „Grimm“, „Outsiders“ и „Ice“, а пред сè по серискиот филм „Moonlighting“ во кој глумеше познатиот актер Брус Вилис.
Тој исто така сними бројни играни филмови, како „LBJ: The Early Years“, чија тема е животот на 36. американски претседател Линдон Бејнс Џонсон.