Michael Gabriel Hernandez
06 Јануари 2022•Ажурирај: 10 Јануари 2022
ВАШИНГТОН
Академијата за снимање и „Си-би-ес“ (CBS) ја објавија својата одлука да се одложи 64. издание на Греми наградите на неодредено време бидејќи варијантата Омикрон на коронавирусот продолжува да резултира со рушење на рекордни случаи во Соединетите Американски Држави (САД), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Одлуката е донесена „по внимателно разгледување и анализа со градските и државните претставници, здравствените експерти и експертите за безбедност, заедницата на уметници и нашите многубројни партнери“, рекоа од Академијата и „Си-би-ес“ во заедничка изјава.
„Здравјето и безбедноста на оние во нашата музичка заедница, публиката во живо и стотици луѓе кои работат неуморно на производството на нашето шоу, останува да биде наш врвен приоритет“, рекоа тие.
„Со оглед на неизвесноста околу варијантата Омикрон, одржувањето на шоуто на 31 јануари едноставно е многу ризично. Со нетрпение очекуваме да ја прославиме најголемата ноќ на музиката во иднина, чиј датум наскоро ќе биде објавен“, додадоа тие.
Не е наведен датум кога шоуто би можело да се презакаже.
Минататогодишното доделување беше одложено од јануари за март поради Ковид-19, а церемонијата која на крајот се реализира, беше со ограничена публика на номинирани и нивни гости.
Одлуката церемонијата повторно да биде одложена е најнова, додека организациите и институциите околу земјата продолжуваат да ги менуваат нивните планови како одговор на зголемувањето на бројот на случаи од вирусот. Компаниите низ земјата ги одложија плановите за враќање на работниците во канцелариите и училиштата на некои места кои се жаришта и започнаа да се враќаат на онлајн настава.
Во вторникот, САД надминаа 1 милион случаи на дневно ниво, уривајќи го глобалниот рекорд, според податоците од Универзитетот „Џон Хопкинс“. Варијантата Омикрон е најпренослива верзија од коронавирусот досега.
Вакцините, сепак, продолжуваат да нудат заштита од најлошите здравствени исходи на вирусот, вклучително хоспитализација и смрт.