АЛЕПО (АА) - Во нападот на хеликоптерските режимски сили на сириската војска во Алепо, според првичните извештаи, загинаа најмалку 20, а повредени се 25 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Ибрахим Абу Лејс, официјален претставник на цивилна одбрана во Алепо, рече дека нападот бил извршен со барел бомба. Меѓу загинатите и повредените се наоѓаат деца и жени.
„Екипи на цивилната заштита се обидуваат да стигнат до пет семејства заглавени во урнатините во Машхад. Двата тима се уште извлекуваат децата. Луѓето се плашат да останат тука. Ова е втор пат режимот да бомбардира", вели Абу Лејс.
Тој потсети на нападите на руските авиони извршени вчера врз болницата.
„Во областите на градот кои се контролирани од страна на опозицијата, итно се потребни медицински материјали и лекови", рече официјален претставник на Цивилната заштита во Алепо Ибрахим Абу Лејс.
Новинарот на АА дознава дека авионите на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад бомбардираа магацин за храна во Алепо. Четири лица се повредени, а повеќе од половината залихи беа уништени.
Локалниот активист Јасер Абу Амар изјави како руските и режимските авиони во една недела интензивно бомбардираа области во Алепо и околината, која е контролирана од страна на опозицијата. Според него, цел на нападите се често населени места, болници и пазари.
news_share_descriptionsubscription_contact


