Ekip
27 Март 2016•Ажурирај: 27 Март 2016
ИСЛАМАБАД (AA) - Најмалку 63 лица се убиени а 300 се повредени во самоубиствениот бомбашки напад кој се случи во паркот Гулшан-е-Икбал во пакистанскот град Лахоре, јавува Anadolu Agency (AA).
Снимката емитувана на пакистанските телевизии прикажува потресни сцени од местото на несреќата, екипите на итната помош и повредените.
Полицијата стравува дека бројот на мртви не е конечен.
Нападот го осуди премиерот Наваз Шариф ветувајќи дека Пакистан "ќе ја продолжи борбата против тероризмот и покрај ваквите кукавички дела".