Dzihat Aliju
07 Мај 2016•Ажурирај: 06 Мај 2017
ВАЛАНДОВО (АА) - Денеска во Валандово започна „25-ти Меѓународен фестивал Пролетни веселби“ , јавува Anadolu Agency (AA).
На отворањето на “25-ти Меѓународен фестивал Пролетни веселби“ кој се одржува во селото Чаликли, во близина на градот Валондово учествуваа амбасадорот на Република Турција Омур Шолендил, градоначалникот на Општина Валандово Николче Чурлиновски, почесниот претседател на фестивалот проф. д-р Ирфан Насраттиноглу и многу други претставници на турски институции и организации и граѓани на Македонија.
Амбасадорот Шолендил им се заблагодари на сите кои помогнале во организацијата на овој традиционален фестивалот кој се одржува секоја година и додаде: „Срекен сум што две години по ред учествувам на овој фестивал. Турција ќе продолжи да ја подржува братската Македонија на секое поле. Се надевам дека ова пролетно расположение ќе се рефлектира на секое поле од вашиот живот.“
Чурлиновски изрази особено задоволство од барањето овој фестивал да биде на листата на нематеријални културни наследства на УНЕСКО. „Му се заблагодарувам на Министерството за култура на Македонија за дадената поддршка во организацијата на овој фестивал. Од нашиот фестивал праќаме пораки полни со братство и љубов“, изјави градоначалникот Чурлиновски.
Во склоп на фестивалот беше отворена изложба. Гостите на фестивалот имаа можност да следат изведби на народни ора и игри, изведба од страна староосманлиски воен оркестар и борба на пеливани.
Фестивалот Ѓурѓовден, кој се одржува во селото Чаликли ќе продолжи до 9-ти мај.