Cuneyt Davut
30 Август 2016•Ажурирај: 31 Август 2016
СКОПЈЕ (АА) - Амбасадата на Република Турција во Скопје, приреди прием по повод 30 Август - Денот на победата во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Приемот се одржа во резиденцијата на амбасадата, на која, покрај претставниците на турските институции и организации во Македонија, учество земаа голем број на уметници, академици и претставници на невладини организации од земјата.
Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган во својата порака по повод празникот 30 Август - Денот на победата изјави: „30 август е јасен доказ што еден народ може да постигне за својата независноста и чест кога е оставен сам на себе, при изборот 'Или независност, или колапс'. 30 Август 1922 година турскиот народ на целиот свет му покажа дека не го прифаќа робството.“
Амбасадорот на Турција Омур Шолендил, во својот говор рече дека извојуваната победа на крајот од херојскиот еп, како дел од славната турска историја, стана пример за целиот свет, со што 30 Август - Денот на победата стана гордост и чест за секого.
Турција, нападната од четири страни, во 1922 година беше спасена од окупацијата, со што беа поставени темелите на Републиката, рече амбасадорот Шолендил и додаде: „Сите потешкотии низ историјата, нашиот свет народ ги надмина покажувајќи ја моќта на единство и заедништво, братски дух, верба и одлучноста, и од тој аспект оваа победа има големо значење".