Alp Ertunga Karaca,Melike Kınacı,Sertaç Bulur
08 Октомври 2016•Ажурирај: 09 Октомври 2016
АНКАРА (AA) – Гувернерот на Анкара Ерџан Топач, коментирајќи го инцидентот во кој двајца напаѓачи се разнесоа со бомба во текот на полициската акција утринава во близина на Анкара, изјави дека иако сеуште нема конкретни информации, постои можност да се поврзани со терористичката организација ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
Гувернерот Топач заедно со шефот на полицијата во Анкара Махмут Карааслан го посетија местото во близина на фармата на коњи, околу 30 километри југозападно од Анкара, каде утрово се разнесоа двајца напаѓачи, откако го одбија повикот на полицијата да се предадат.
Истакна дека се работи за лица за кои од порано се трага, како и дека жител од овој регион и јавил на полицијата дека на тоа подрачје се движат сомнителни лица.
„Полицијата утврди дека напаѓачите се криеле токму на ова место. Рано утрово полицијата дојде на локацијата и ги повика да се предадат. Не одговорија позитивно. Се разнесоа пред да интервенира полицијата", рече Топач.
Додаде дека е познат идентитетот на напаѓачот, се работи за Харун Аслан, кој е роден во градот Бингол.Рече дека Харун го купил автомобилот пред два дена, како и дека постои голема можност овој автомобил да планирале да го користат во бомбашки напад.
Исто така, Топача истакна дека идентитетот на женското лице сеуште не е познат, како и дека полицијата сомнева дека постои и трето лице кое е поврзано со нив.
- Во автомобил на напаѓачот 200 килограми амониум- нитрат-
Според Топач, се претпоставува дека во автомобил се наоѓале 200 килограми амониум-нитрат и пластичен експлозив, како и одредена количина експлозив, кој не е искористен.
„Сеуште не е можно конкретно да се каже каде и како планирале да го изведат бомбашкиот напад, но овие денови е годишнина од терористичкиот напад на железничката станица во Анкара, затоа, можна е поврзаноста со тоа. Исто така, голема веројатност е дека е планиран самоубиствен напад, на тоа укажуваат и деталите кои ги пронајдовме тука. И честитам на нашата полиција на добро извршената работа", рече Топач.
Порача дека со ова акција е спречен напад кој можел да однесе многу животи.
Гувернерот Топач укажа и на фактот дека на автомобилот во кој се разнесоа напаѓачите се наоѓало државно знаме на Турција, што, како што рече, е обид за камуфлажа.
-Можна поврзаност со ПКК -
На прашањето со која терористичка организација биле поврзани овие лица, Топача рече дека сеуште не е можно да се каже,но додаде:
„Постои голема можност Хаурн Аслан да е поврзан со ПКК. Со оглед на тоа дека идентитетот на женското лице не е познат, сеуште немаме конкретни назнаки. Материјалот и начинот на кој го користеле укажува дека би можел да биде ПКК, но во наредните саати ќе имаме конкретни информации", порача Топач.