Ekip
13 Мај 2016•Ажурирано: 14 Мај 2016
ИСТАНБУЛ (AA) - Повеќе внимание се посветува на заштитата на животната средина на китовите, фоките,желките во однос на 23 милиони Сиријци, порача денес во Истанбул турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган го критикуваше менталитетот на "гледање во паричниците на бегалците кои доаѓаат во одредени земји пред да бидат примени".
Исто така, упати критики кон они кои сопствениот комфор го ставаат пред борбата за голиот живот на другите луѓе.
Турскиот претседател зборуваше и за преминувањето на претседателскиот систем порачувајќи дека за тоа ќе одлучат граѓаните на Турција.
"Кој донесува одлука за тоа? Граѓаните. Никој тоа не може да го оспорува. Ако мојот народ каже 'да, преминуваме на претседателски систем' тогаш сите тоа ќе го следат", рече Ердоган во врска со критиките на опозициската Републиканска народна партија (CHP) во врска со најавата на воведување на претседателскиот систем во Турција.
Претседателот на Турција претходно, откако во судирот со терористите живот загубија осум турски војници, дека секоја жртва е "печат на нашето трајно постоење на овие простори".
Меѓу другото, Ердоган рече дека Турција продолжува по својот пат без да запре.
"Довербата, аманетот на наророт не го препуштивме ниту ќе го препуштиме во предавничките чети, терористите, вандалите. Сакам тоа да се знае", рече Ердоган.