Ilkay Guder
17 Февруари 2016•Ажурирај: 17 Февруари 2016
АНКАРА (AA) - Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган ја повика целата меѓународна заедница да не остане нема на човечката трагедија која се одвива во Јемен, јавува Аnadolu Agency (AA).
"Нашата желба е да во пријателски Јемен што побрзо завладеат мир, благосостојба и стабилност", рече Ердоган, по состанокот со претседателот на Јемен, Мансур ал-Хади во Анкара.
Нагласи дека турскиот народ се сочуствува со народот на Јемен кој се соочува со граѓанска војна, а потоа се осврна и на другите проблеми со кои се соочува регионот на Блискиот исток.
"Курдската демократска унија (PYD), сириската подружница ПКК и Народните заштитни единици (YPG) се терористички организации. Со овие терористички организации и со оние кои им дозволуваат сето тоа да го прават историјата нема да им го прости. Тие кои ПКК го прифаќаат како терористичка организација мора да знаат дека PYD и YPG се вооружени групи и терористички организации и никој не треба да ги толкува на друг начин", рече Ердоган.
Истакна дека Русија и понатаму изведува воздушни напади на невини цивили во Сирија.
"Русија заедно со сирискиот режим продолжува да изведува безмилосни акции во кои гинат цивили", рече турскиот претседател.
На крајот рече дека одредени членови на меѓународната коалиција во борба против ДАЕШ не се чесни кон Турција.
"За жал, коалициските сили со некои чекори кои ги прават не се чесни, бидејќи преку телефон порачуваат дека артилерискиот оган на нашите вооружени сили, кој секако го изведуваме во рамките на легитимните правила на аранжманите е напад на сириските Курди. Пред се, нека бидат чесни и ги повикувам на искреност" , рече Ердоган.