Besar Ademi
11 Март 2016•Ажурирај: 12 Март 2016
ИДОМЕНИ (AA) - Координаторот на УНХЦР во Идомени, Бабар Балоч изјави дека бегалците почнаа да се пренесуваат од прифатниот центар за бегалци во Идомени во другите кампови направени од страна на грчката влада, со што ќе им се обезбедат подобри услови за живеење, а потоа оние кои ќе го прифатат да се пренесат ќе им биде дозволено да аплицираат преку програмата на Европската унија (ЕУ) за релокација на бегалците во другите европски земји, јавува Anadolu Agency (AA).
Балоч рече дека ова се однесува само за бегалци од Сирија и Ирак. Тој додаде дека грчкиот капацитетот за барателите на азил не е голем, поради што е потребна помош од ЕУ за забрзување на постапката.
"Планот на ЕУ за повторно населување на бегалците е програма со која различни европски земји ќе ги прифатат бегалци врз основа на претходно договорената бројка. Но, проблемот е во тоа што овој број е многу мал. Во моментов тоа е повеќе од 600 бегалци, кои ја започнаа оваа постапка, а нивната бројка тука е многу голема. ЕУ треба да ја согледа оваа реалност и да и помогне на Грција во забрзување на процесот ", рече Балоч.
Во Идомени има околу 12 илјади бегалци, а грчките власти се надеваат дека кампот на грчко-македонскиот граничен премин може да се испразни во рок од две недели. Приоритет во програмата на ЕУ, се бегалците во чии семејства има многу деца или болни членови.
Инаку, од понеделник Македонија целосно ја затвори границата по одлуката за затворање на "Балканската рута" за илегалните бегалци.