СКОПЈЕ (АА) - Од 07 часот денеска се отворени избирачките места со што започнаа четвртите предвремени парламентарни избори, јавува Anadolu Agency (AA).
Во Избирачкиот список запишани за гласање се 1.784.416 полнолетни државјани на Република Македонија. Изборите се спроведуваат на 3.480 избирачки места во шест изборни единици во Македонија, а 46 избрирачки места има во седмата изборна единица што ја опфаќа дијаспората, каде што се пријавени за гласање 20.573 граѓани кои имаа можност своето право да го остварат вчера.
Изборниот процес за овие предвремените парламентарни избори содржи неколку новини, меѓу кои, највпечатливо е вметнувањето фотографија во Избирачкиот список. Останува употребата на безбојниот спреј кој може да се види само со УВ ламба. Важечко ливче ќе се смета она на кое што е заокружен редниот број или носителот на листата или симболот на коалицијата или партијата.
Изборната кампања која траеше дваесет дена, започна на 21 ноември, заврши на 09 декември на полноќ. Според македонското изборно законодавство, гласањето вчера се спроведуваше во дијаспората, за пријавените болни и изнемоштени лица и за затворениците и лицата во притвор.
На изборите учествуваат 11 политички субјекти, шест политички партии и пет коалиции: Колаиција „За подобра Макеодонија" предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Демократска унија за интеграција (ДУИ), Коалицијата преводена од Социјал-демократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Демократска партија на Албанците (ДПА), Коалцијата „За промени и правда" (ФРОДЕМ, ДЕМОС, ДС МОРО-РП), Партија на демократски просперитет), Коалицијата „Сојуз за Албанците", (ДР-ДПА, Унитети, НДП), Либерална партија, ВМРО-За Македонија (ВМРО-НП, ОМ, Достоинство), БЕСА и Левица.
На овие избори од 58 листи на политичките субјекти има вкупно 1092 кандидати за пратеници.
Пратениците во Собранието на Република Македонија се избираат на општи, непосредни и слободни избори со тајно гласање, за мандат од 4 години. Со измените на Изборниот законик од 2009 година, покрај шесте изборни единици на територијата на Република Македонија, гласањето се одвива и во новоформираните изборни единици во странство: изборна единица (ИЕ) 7, која се однесува на Европа и Африка, ИЕ 8 Северна и Јужна Америка и ИЕ 9 Австралија и Азија. Со тоа, бројот на пратениците во Собранието се зголеми за три и брои 123.
Инаку, денешните парламентарни избори закажани за 11 декември се резултат на договорот меѓу лидерите на четирите најголеми политички партии во земјата (ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА), кои по долги преговори на 31 август се согласија околу одржувањето на изборите, со цел земјата да излезе од политичката криза.
news_share_descriptionsubscription_contact
