Kayhan Gül
26 Јули 2016•Ажурирано: 27 Јули 2016
САРАЕВО (АА) - Некои лица кои години наназад ја извршувале својата должност во редовите на Турскиот баталјон во рамките на НАТО и турските полициски единици во рамките на ЕУЛЕКС на Косово, а денеска се осомничени за поставување замка во војската и имале своја улога во обидот за државен удар од 15 јули, на дневен план го донесоа тврдењето дека Косово од страна на терористичката организација на Фетулах (ФЕТО) било користено како „рехабитациски центар“.
На дневен ред се постави и тезата дека во текот на процесите „Балјоз“ и „Ергенекон“, како награда за поставените замки во редовите на турската војската, некои активни членови од безбедноста биле испраќани во турските полициски единици на Косово во рамките на ЕУЛЕКС, со што овие лица биле оддалечени од очите на јавноста, и истовремено биле подготвувани за нови предавнички задачи.
Она што го кажа едно официјално лице од Турција, кое низа години извршувало должност на Косово, ги потврдува овие квалификации.
Официјалното лице кое сакаше да остане анонимно, истакна дека по неуспешниот обид за државен удар од страна на ФЕТО, како и многу други луѓе, почнал да се присетува на нештата од сопственото минато и како на филмска лента, започнал да ги пополнува празнините што претходно не ги ни забележувал.
Турскиот бирократ истакна дека по обидот за државен удар, кој се случи на 15 јули, во Турција, биле уапсени некои команданти кои од порано својата должност ја извршувале во турскиот баталјон во Призрен, на Косово. Тој посочи дека е потребно да се направи испитување на истата тема и за полициските единици кои биле дел од ЕУЛЕКС на Косово.
Анонимното официјално лице раскажа дека од медиумите дознало дека голем број од турските полицајци што ги запознал во Косово биле уапсени поради настаните од 17-25 декември минатата година и за поставување замка во војската, додавајќи дека Косово било користено како станица за структурирањето на луѓето на ФЕТО во војската и полицијата.
Официјалното лице посочи на фактот дека сѐ додека судските процеси „Ергенекон“ и „Балјоз“ не биле предефинирани во поставување замка во војската, голем дел од војниците и полицајците што земале свое учество во овие операции, биле префрлени на извршување на својата должност во Косово – организацијата на овој начин сакала да ги награди овие лица, со оддалечување на одредено време пред очите на јавноста, и истовремено подготвувајќи ги за нови предавнички задачи, рехабилитирајќи ги.
- Зошто западен Балкан?
Фактот што некои високи офицери кои имаа активно учество во обидот за државен удар од страна на ФЕТО, на 15 јули, извршувале служба во Косово и во Босна и Херцеговина, укажува на тоа дека ФЕТО можел опуштено да делува во овие две земји.
Турското официјално лице посочи дека не постои земја во регионот која може да има свое влијание во Косово и во Албанија, освен надворешната политика на САД, додавајќи дека со поддршката што лидерот на ФЕТО ја добил од САД, тие имале можност на многу опуштен начин да делуваат во споменатите земји.
Турското официјално лице истакна дека земјите од регионот не се во можност да направат свој независен чекор надвор од надворешната политика на САД, и затоа во овие земји, под чадорот на невидливост, организацијата имала можност да делува на многу опуштен начин.