Besar Ademi
24 Ноември 2016•Ажурирано: 24 Ноември 2016
СКОПЈЕ (AA) – Авионот на компанијата „Туркиш Еирланс" привремено беше спречен да полета поради лажнo алармирање за бомба. По спроведената контрола во 22.56 часот авионот одлета за Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
Директорот на канцеларијата на авиокомпанијата „Туркиш Аирланс" во Скопје за АА рече дека авионот не полета на време кон Истанбул поради тоа што бил пронајден непознат мобилен телефон. Тој нагласи дека предизвика паника и лажната дојава за бомба, што беше утврдено кратко време по спроведена проверка од страна на безбедносната контрола на аеродромот.
Исто така, извори од МВР за АА укажуваат дека во авионот требаше да патува делегација предводена од претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, кој од Истанбул требаше да отпатува во Мадагаскар на Самитот на франкофонијата.
Истиот извор додаде дека откажување на патувањето на делегацијата предводена од Иванов е поради непознати причини бидејќи дојавата била лажна и нема причина за паника.
Авиокомпанијата „Туркиш Еирланс" најави дека детални информации за случајот ќе објави во текот на денот.