Hasan Esen
07 Април 2017•Ажурирај: 08 Април 2017
БРИСЕЛ (АА) - Денес, генералниот секратар НАТО, Јенс Столтенберг, во врска со американското ракетирање на воената воздухопловна база на силите на Башар ал Асад во Сирија порача дека целата одговорност за тој чекор ја сноси сирискиот режим, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Сета одговорност ја сноси сирискиот режим. Неприфатливо е да се користи какво било хемиско оружје, тоа не може да остане без реакција и сторителите мораат да одговараат“, изјави Столтенберг.
Поддршка за ракетирањето на базата на Асадовите сили во Сирија, од страна на САД изразија Турција, Велика Британија, Саудиска Арабија и ЕУ. Нападот го осудија Иран и Русија.
Според соопштението на Пентагон, воздухопловната база Шајрат е погодена со 59 проектили „томахавк“, утринава, околу пет часот по локално време. Проектилите се лансирани од американски бродови со дострел до воздухопловната база.
Ракетирањето беше изведено по налог на американскиот претседател Доналд Трамп, откако припадниците на режимот на Асад во вторникот извршија напад со хемиско оружје во кој загинаа повеќе од 100 цивили, од кои 27 деца.