Halit Süleyman
02 Јули 2016•Ажурирај: 02 Јули 2016
АЛЕПО (АА) - Најмалку 16 лица загинаа, а 25 се повредени во воздушен напад во населбата Тарик ал Баб во сирискиот град Алепо, јавува Anadolu Agency (AA).
Нападот на областа под контрола на сириската опозиција беше извршен од страна на воени авиони на сириската армија.
Официјален претставник на цивилната заштита во Алепо Ибрахим Абу Лејс за АА потврди дека бил бомбардирано место со цивилно население.
Меѓу загинатите се жени и деца, a предизвикana e голема материјална штета. Силите лојални на сирискиот претседател Башар ал-Асад, веќе петта година извршуваат напади врз областите под контрола на опозицијата во Алепо. Цел им се местата каде што се собираат голем број на луѓе, пазари, училишта, болници и центарот на градот.