Halit Süleyman
24 Септември 2016•Ажурирај: 24 Септември 2016
АЛЕПО (АА) - Најмалку 56 лица загинаа, а 220 се повредени во воздушните напади врз населбите во Алепо, Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Нападите се извршени во северниот дел на Сирија во неколку места што се под опсада на силите лојални на сирискиот претседател Башар ал-Асад.
Службеникот на Цивилната заштита во Алепо, Нејип Ансари, за АА вели дека нападите врз Бустан ал-Каср, Мешед, Келесе, Салихин и Фирдеус ги извршија воените авиони на Русија и на режимот.
Според првичните податоци, тимовите за цивилната одбрана се на теренот, а досега се пронајдени 56 загинати цивили, меѓу кои и жени и деца. Повредени се 220 луѓе, а предизвикана е и голема материјална штета врз голем број станбени згради.
Се стравува дека бројот на жртвите ќе се зголеми бидејќи сѐ уште трае акцијата за спасување на лицата што се заробени под урнатините. Потсетуваме дека во воздушните напади вчера, врз села во Алепо, загинаа 86, а беа повредени околу 200 лица.