Dildar Baykan
27 Август 2018•Ажурирај: 28 Август 2018
ЊУЈОРК (АА) - За време на турнир за видеоигри, што се одржа во трговски центар во американската сојузна држава Флорида, извршен е оружен напад во кој смртно настрадаа четири лица, меѓу кои и напаѓачот, додека 11 лица се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Турнирот за видеоигри се одржувал во градот Џексонвил, во Флорида.
Од полицијата соопштија дека едно лице, за кое се сомнева дека е напаѓачот, е пронајдено мртво, а сè уште не се знае дали има втор напаѓач на местото на настанот.
Извор, во изјава за американските медиуми, нагласи дека животот го загубиле 4 лица, меѓу кои и напаѓачот, а 11 лица се повредени.
Истрагата за случајот е во тек, а затворени се влезовите и излезите на местото на настанот.