Muhammet Kurşun
17 Октомври 2016•Ажурирај: 18 Октомври 2016
ЕРБИЛ (AA) – Силите на Пешмергите во рамките на акцијата на ослободување на Мосул од терористичката организација ДЕАШ, на фронтот Хазир ослободија седум села, јавува Anadolu Agency (AA).
Гласноговорникот на единицата надлежна за акцијата Хелгурт Хикмет, рече дека Пешмергите ги ослободиле селата Тарјала, Басарха, Мала Бедене, Голема Бедене, Кеберви, Башкелан и Шеик Емир.
Хикмет додаде дека силите на Пешмергите тргнаа во борба по соопштението на премиерот на Ирак Хаидар ел-Абди за акцијата за ослободување на Мосул, како и дека во утринските часови почнаа да ги бомбардидаат упориштата на ДЕАШ.
Според неговите зборови главниот пат помеѓу Мосул и Ербил се наѓа во рацете на Пешмергите.
Во акцијата на ослободување на Мосул учествуваат околу 15.000 припадници на Пешмергите, опремени со тешко наоружување.
Потсетуваме, ирачкиот премиер Хајдар ел-Ибади изјави дека во недела на полноќ започна операцијата на ослободување на Мосул од ДЕАШ. Веста дека започна операцијата на ослободување на Мосул од рацете на терористите на ДЕАШ, ел-Ибади ја соопшти на државната телевизија. Во таа прилика тој истакна дека во центарот на градот ќе влезат само воените и полициските сили.