Meryem Göktaş
24 Јули 2018•Ажурирај: 24 Јули 2018
АТИНА - Две лица го загубија животот, додека 25 лица се повредени, од кои 6 сериозно, во пожарите што избувнаа во близина на грчката престолнина Атина, јавува Anadolu Agency (AA).
Неконтролираните шумски пожари принудија стотици грчки жители да ги напуштат своите домови по избувнувањето на два големи пожари на источниот и западниот брег на регионот Атика.
Крајбрежниот регион на западната страна на Атика, Кинета - околу 54 километри западно од Атина - е евакуиран, како резултат на пожарите кои избувнаа денес попладне во шумското подрачје на планините Геранеја, а подоцна неконтролирано се проширија.
Во тек е операција за гаснење на пожарот во која учествуваат 70 пожарникари и 30 мотори, кои се обидуваат да го лоцираат огнот, бидејќи областа е опкружена со борова шума.
Вториот голем пожар на североисточната страна на Атика ги принуди локалните власти да ги евакуираат летните кампови, додека стотици жители ги напуштија своите домови.