Besar Ademi
13 Февруари 2016•Ажурирај: 14 Февруари 2016
СКОПЈЕ (АА) - Стотици жители на Скопје денеска се собраа пред зградата на Владата на Република Македонија под слоганот "Колку чевли останаа неизносени", носејќи со себе чевли од своите најблиски, сакајќи со тоа на симболичен начин да укажат на појавата на масовното иселување од земјата, јавува Anadolu Agency (АА).
Според организаторите причините за овој соовремен егзодус и масовно иселување од Македонија се тешката економска состојба во земјата и општото влошување во сите сфери на општеството. Тие побараа од властите да преземат конкретни мерки за да се спречи овој масовен егзодус.
Според организаторот на протестот, граѓанската платформа "Заслужуваме подобро", Македонија ја напуштиле повеќе од 600 илјади луѓе, од кои 100 илјади млади луѓе. Ова здружение бара од македонската Влада да преземе мерки за да се спречи овој масовен егзодус.
"Пораката е јасна, ова е симбол на сите нашите блиски кои ја напуштиле Македонија. Причината за собирање пред Влада што сите сме свесни дека толку голема миграција е резултат на лошите владини политики, односно поради сиромаштијата и невработеноста ", рече Инес Ефремова од граѓанската платформа 'Заслужуваме подобро'.
Чевлите кои граѓаните ги донесоа на протестот, а кои се во употребна состојба ќе бидат донирани за бегалците кои транзитираат низ територијата на Македонија.