СКОПЈЕ (АА) - Претставници на автошколите во Македонија повторно продолжуваат со протести блокирјќи ги главните крстосници на градот Скопје. Тие се противат на новиот закон за автошколи кој предвидува поставување на камери во автомобилот во текот на обука на кандидатите, поради што во знак на револт на неколку часа го блокираа главниот мост "Гоце Делчев" во центарот на Скопје, јавува Anadolu Agency (AA).
Според нив, од почетокот на протестот ништо не е променето, а состојбата во оваа професија е алармантна, бидејќи еден месец веќе 90 проценти од автошколите ја бојкотираат работата.
Претседателот на Здружението на Автошколи и инструктори, Јонче Aпостоловски, рече дека овој закон ги погоди сите автошколи, дури и како што рече тој, самите кандидати и родителите на кандидатите не го прифаќаат поставувањето на камерите, затоа што тоа е приватност меѓу инструктор и кандидатот.
"По еден месец обиди, решивме да го радикализираме протестот денес. Денес решивме да го прошириме протестот и да го блокираме мостот "Гоце Делчев", а во зависност од идниот одговорот ќе одлучиме што да правиме во следните неколку дена", рече Јонче Aпостоловски, претседател на Здружението на Автошколи.
Инструкторката Љуљета Агуши рече дека поставување камери ја нарушува приватноста меѓу кандидатот и инструкторот.
"Поставување на камери не ни одговара ни на нас, автошколите, ниту на родителите кои исто така реагираат на ова, бидејќи тоа е нешто многу приватно, па дури и родителите не им дозволуваат на своите деца да се снимаат. Кандидатот се учи и не сака да се снима. Ова е нешто многу приватно", рече Агуши.
Според претставниците на автошколите, снимање на кандидатите во текот на обуката ја нарушува приватноста на граѓаните и, исто така, претставува голем трошок за нивните компании. Повеќето од нив веќе три недели ја бојкотираат работата до повлекување на новиот Закон, пак, предупредуваат дека тоа ќе продолжат да ги блокираат улиците во градот, а доколку не се преземат мерките со нивните возила ќе ги радикализираат протестите.
news_share_descriptionsubscription_contact


