Mümin Altaş
30 Јули 2018•Ажурирај: 30 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Во турскиот главен град Анкара денеска почна првиот состанок на Советот за национална безбедност на земјата по воведувањето на претседателскиот систем, јавува Anadolu Agency (AA).
Со состанокот претседава турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
На првиот состанок по стапувањето на сила на претседателскиот систем присуствуваат потпретседателот на Турција, Фуат Октај, министерот за правда, Абдулхамит Ѓул, министерот за одбрана, Хулуси Акар, министерот за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, министерот за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, началникот на Генералштабот на вооружените сили на Турција, генерал Јашар Ѓулер, и командантите на воздушните и копнените сили.
Темите на состанокот во прв ред се борбата против тероризмот, пред сè борбата против терористичките организации ФЕТО и ПКК.
Ќе се разговара и за актуелната ситуација во соседна Сирија. Советот ќе ги разгледува и неодамнешните изјави на американскиот претседател Доналд Трамп и потпретседателот Мајк Пенс во врска со најавувањето санкции кон Турција во случај на процесуирање на американскиот свештеник Ендрју Крег Брансон, кој се товари за соработка со терористичките организации.