Ekipa
13 Февруари 2016•Ажурирај: 14 Февруари 2016
ТАЈПЕЈ (АА) - Спасувачките екипи извлекоа 115 мртви од станбениот комплекс, кој се сруши по земјотресот што го погоди Tианин, најстариот град на Тајван, минатата сабота. Две лица се уште се водат за исчезнати, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Министерството за внатрешни работи на Тајван соопштија дека уривањето на зграда од 17 ката преживеале вкупно 327 луѓе. Земјотрес со магнитуда од 6,4 степени се случи на 6 февруари, во пресрет на прославата на лунарната Нова Година.
Властите оваа недела го уапсија Лин Минг-Хуи, кој го изгради станбениот комплекс и двајца архитекти. Претставници од Tианин објавија дека ќе се истражуваат и десетици други детали во врска со изградбата на комплексот, но, исто така ќе ја проверат состојбата на другите објекти кои не се уништени.