Cuneyt Davut
30 Август 2016•Ажурирај: 31 Август 2016
СКОПЈЕ (АА) – Продолжува помошта од страна на турските институции во Скопје и околните подрачја каде што во неодамнешните катастрофални поплави животот го загубија 22 лица, а на многумина граѓани им е причинета и материјална штета, јавува Anadolu Agency (АА)
Општина Османгази од Бурса достави кревети, храна, средства за хигиена и слични помошни средства до настраданите од Сингелиќ.
Заменик градоначалникот на општина Османгази од Бурса Јунус Шахин, истакнувајќи дека денес се наоѓаат овде, за да бидат покрај своите македонски браќа, додаде дека оваа помош е остварена преку хуманитарни конвои.
„Ние знаеме дека, кога и да имаме проблем македонските браќа се тука покрај нас. Поради ова сега кога тие се соочуваат со ваков проблем, ние сме тука за нив“, рече Шахин и додаде дека пријателството меѓу турскиот и македонскиот народ се негува постојано, и во добро и во зло.
Тој испрати порака до настраданите со желби за никогаш повеќе да не се повтори ваква катастрофа.
Подпретседателот на Советот на општина Чаир Сулејман Баки изјави дека со овој пристигнат камион со помошни средства вкупно досега пристигнаа 17 камиони, така што е комплетирана првата етапа од целокупната планирана помош.
Истакнувајќи дека турските институции се насочени со поддршка за настраданиот регион уште од првиот ден, тој додаде: „Отсега натаму во координација со хуманитарната организација „Црвена полумесечина“ и со Претседателството за управување со кризи и катастрофи ќе организираме помош со бела техника, машини за перење алишта, машини за перење садови и слично.“
Како резултат на катастрофалната поплава која се случи во главниот град Скопје и околните подрачја на 6. Август, животот го загубија 22 лица, а истовремено дојде до големи материјални штети.