Ayşe Doğru
15 Јули 2019•Ажурирај: 16 Јули 2019
ШРИХАРИКОТА/ЧАДИГАР (АА) – Индиската агенција за вселенски истражувања (ISRO) соопшти дека како мерка за претпазливост лансирањето на „Чандрајан-2“ е одложено, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението се истакнува дека наскоро ќе биде назначен нов датум за лансирањето на „Чандрајан-2“.
„Чандрајан-2“ вклучува и приземјување на мал вселенски брод на темната страна на Месечината, кој ќе ги анализира минералите и ќе истражува вода во тој дел, а исто така ќе ја нацрта и картата на Месечината околу јужниот пол.
Истражувањата на 2,4-тонскиот сателитски модул на „Чандрајан-2“ во орбитата на Месечината ќе трае 1 година.
Мисијата „Чандрајан-2“ е продолжеток на индиската програма „Чандрајан-1“ испратена на Месечината во 2008 година.