Hasan Esen
23 Декември 2021•Ажурирај: 24 Декември 2021
ЛОНДОН (АА) - Во студија спроведена во Велика Британија утврдено е дека варијантата Омикрон на Ковид-19 предизвикува помала хоспитализација во споредба со варијантата Делта, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во истражувањето спроведено од Кралскиот колеџ во Лондон стручно се оценети вакцинираните и невакцинираните случаи на Ковид-19 регистрирани од 1 до 14 декември. Во студијата испитани се 56.000 случаи на варијантата Омикрон и 269.000 случаи на Делта.
Според студијата, околу 15 отсто од луѓето заразени со Омикрон имаат „помала потреба од хоспитализација“. Од случаите со Омикрон, 40-45 отсто „имаат потреба во болница да останат барем една ноќ или подолго“.
Студијата исто така укажува дека Омикрон е позаразен, иако неговите симптоми се помалку сериозни.
Професорот Нил Фергусон од Кралскиот колеџ во Лондон, рече: „Нашата анализа покажува дека во споредба со варијантата Делта, луѓето што ја носат варијантата Омикрон имаат умерено намален ризик од хоспитализација.“
Вчера во Велика Британија регистрирани се 106.122 случаи на Ковид-19. Од почетокот на епидемијата за првпат се регистрирани повеќе од 100.000 во последните 24 часа. И покрај ова, бројот на лицата кои ги загубија животите не се зголеми во однос на претходните месеци и достигна 140.
Велика Британија е земја со најголем број смртни случаи од Ковид-19 во Европа, над 170.000.