Emre Aytekin
23 Март 2023•Ажурирај: 28 Март 2023
ПЕКИНГ (АА) - Кина лансира четири метеоролошки сателити што се дел од сателитската мрежа „Тианму-1“, пренесува Анадолу.
Според веста на новинската агенција „Синхуа“, сателитите биле лансирани со ракетата „Куаиџоу-1А“ од Центарот за лансирање сателити во Џиучуен.
Сателитите ќе бидат употребени за комерцијални метеоролошки услуги.
По лансирањето, сателитите биле позиционирани во планираната орбита.
Ова е 19. успешна мисија на лансирање реализирана со ракетата „Куаиџоу-1А“.
Првите два сателита, кои се дел од сателитската мрежа „Тианму“, беа лансирани на 9 јануари.