Emre Aytekin
06 Февруари 2021•Ажурирај: 07 Февруари 2021
АНКАРА (АА) - Сателитот „Тијанвен-1“, лансиран од Кина, ја испрати својата прва слика од Марс, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Националната вселенска управа на Кина (CNSA) објави фотографија направена од сателитот на растојание од 2,2 милиони километри од црвената планета.
Вселенското летало, кое е лансирано во јули 2020 година, веќе 197 дена патува кон Марс.
Ова летало, кое вчера го направи својот четврти маневар за корекција на орбитата, има за цел до мај да стигне до црвената планета.
Истражувачката мисија „Тијанвен-1“, составена од сателит и подвижен робот, тргна кон Марс на 23 јули.
Мисијата „Тијанвен“, што на кинески значи „барање на вистината на небото“, своето име го носи според стих на кинескиот поет Чу Јуен, кој живеел во 4 век пр. н. е.