Прескокни на главната содржина
logo
logo
  • СВЕТ
  • ТУРЦИЈА
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ЖИВОТ
Türkçe
English
BHSC
Pусский
Français
العربية
Kurdî
کوردی
Shqip
فارسی
македонски
Bahasa Indonesia
Español
наука и технологијаТурција

Турскиот борбен авион КААН во финалната фаза за првиот лет

„Се надеваме дека во овој век ќе ја видиме Туркије како земја која прави сè, нема потреба од никој, е економски силна и ја подава раката за поддршка насекаде“
Alperen Aktaş,Mahmut Emir Yıldırım,Göksel Yıldırım
09 Јануари 2024•Ажурирано: 11 Јануари 2024
Турскиот борбен авион КААН во финалната фаза за првиот лет

АНКАРА (АА) - Турската аерокосмичка индустрија (ТАИ) се подготвува за првиот лет на својот борбен авион од петта генерација познат како КААН, јавува Анадолу.

Темел Котил, извршен директор на компанијата, за Анадолу изјави дека повеќенаменскиот борбен авион КААН ќе лета за прв пат „во наредните денови“.

„Со инфраструктурата потребна за авијацијата и вселенската индустрија, подготвивме комплетни капацитети за тестирање и направивме тестови за ветерни тунели, механички, удари од гром и птици“, рече Котил, нагласувајќи ги активностите за различните линии на авиони што ги прават.

Тој додаде дека 2024 година е клучна година за Туркије, одбележувајќи го завршувањето на стогодишнината на републиката и влегувањето во нејзиниот втор век.

Потсетувајќи дека борбениот авион ХУРЏЕТ, хеликоптерот АТАК II и борбениот дрон од следната генерација АНКА III ги извршиле своите први летови во 2023 година, Котил рече: „КААН ќе лета наскоро. Имавме обврска за 2023 година, но тоа не се усогласи баш. Тоа беше судбина. Компанијата имаше добра година.“

Изразувајќи желба за просперитетен нов век, Котил додаде: „За децата, овие 100 години се значајни; нормално, нема да го видиме крајот на (следните) 100 години. ТАИ практично ја заврши својата инфраструктура за овој век.“

„Нашата инфраструктура на персоналот измина долг пат. Во моментов, имаме 7.000 инженери и 6.000 техничари. Собравме речиси 17.000 вработени“, додаде тој.

Котил рече дека од оваа перспектива, Туркије влегува во новиот век со „нова храброст“. Тој нагласи дека производите на турската одбранбена индустрија се делумно завршени и стигнале до испорака и сериско производство.

- „Преминување на прагот“ -

„Очекуваме КААН да лета во наредните денови. Новиот век ќе биде возбудлив. Тоа е век каде што се преминува прагот. Турците секогаш биле успешни во Османлиската Империја, во ерата на Селџуците... Се надеваме, ние ќе видиме повеќе од овие успеси во овој век. Се надеваме дека ќе ја видиме Туркије како земја која прави сè, нема потреба од никој, е економски силна и ја подава раката за поддршка насекаде“, нагласи Котил.

Тој рече дека достигната е витална пресвртница со нивните автохтони авиони, како што се двомоторниот хеликоптер ЃОКБЕЈ, тренажните авиони ХУРЏЕТ и ХУРКУШ и јуришниот хеликоптер АТАК II.

Котил истакна дека овие достигнувања се добри предзнаци за успехот на борбениот авион КААН.

Нагласувајќи дека ТАИ се издвојува како компанија во воздухопловната индустрија со највисоки перформанси во однос на производите, брзината и квалитетот од 1960-тите, оставајќи ги настрана перформансите на САД и СССР за време на Студената војна, Котил рече: „Направена е револуција. Такви револуции се потребни за новиот век.“

Честитајќи ѝ на одбранбената компанија Бајкар, шампионот во извозот во 2023 година во секторот, тој исто така коментираше за активностите за извоз: „Ние го направивме нашиот потег. Ние претходно бевме компанија која продаваше само делови од авиони; сега сме компанија што продава одбранбени системи. 2024 и периодот по 2024-та ќе биде многу подобар.“


related_topics:
Туркијепрв леткаанборбен авион
news_share

news_share_descriptionsubscription_contact

subscription
logo

Reporting the Changing World

next-sosyalX/TwitterFacebookYouTubeInstagram

КОРПОРАТИВНО

  • Историја
  • Таг
  • Систем на управување со квалитетот
  • Принципи на објавување
  • Политика на социјалните медиуми
  • Медиа центар
  • Политика за приватност и веб-колачиња
  • Политика на правилно информирање
  • RSS

КОМУНИКАЦИЈА

  • Контакт
  • Барање за претплата

Anadolu Ajansı © 2026

Google PlayApp Store
Војна САД/Израел-Иран
Ормуски Теснец
Трамп
Претходно
Следно
Претходно
Туркиш ерлајнс минатата година имаше најголем број патници на сите времиња

Туркиш ерлајнс минатата година имаше најголем број патници на сите времиња

Следно

Фидан: Западот молчи, индиректно или директно го одобрува масакрот во Газа, барем на државно ниво

Фидан: Западот молчи, индиректно или директно го одобрува масакрот во Газа, барем на државно ниво

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Турскиот претседател Ердоган со интензивна дипломатска активност на Самитот на НАТО

Германија регистрира над 5.000 смртни случаи како последица на јунскиот топлотен бран

Иран: Американски проектили го погодија подрачјето на нуклеарната централа Бушер

Тројца припадници на ИРГЦ се убиени во американските напади врз иранската покраина Хузестан

Јордан пресретна осум проектили истрелани од Иран

Палестинскиот претседател Абас го одреди 28 ноември за првите палестински парламентарни избори по повеќе од 20 години

Експлозии по должината на јужниот брег на Иран, во близина на Бандар Абас

Погледни сè

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Катар купи 24 британски борбени авиони „Typhoon“

Катар купи 24 британски борбени авиони „Typhoon“

Прв лет на унапредената верзија на авион со електричен погон

Прв лет на унапредената верзија на авион со електричен погон

Турција ја одбележува 95-годишнината од првиот лет

Турција ја одбележува 95-годишнината од првиот лет

Започнува кампањата „Хелоу, Туркије“ за промовирање на новиот глобален бренд на земјата

Започнува кампањата „Хелоу, Туркије“ за промовирање на новиот глобален бренд на земјата

Турција ги информира институциите на ЕУ за користење на името „Туркије“

Турција ги информира институциите на ЕУ за користење на името „Туркије“

Ердоган: „Туркије бележи раст од 7,3 отсто, затоа нашиот извоз на месечно ниво соборува рекорди“

Ердоган: „Туркије бележи раст од 7,3 отсто, затоа нашиот извоз на месечно ниво соборува рекорди“

Многу меѓународни медиуми известија за промена на името во Туркије

Многу меѓународни медиуми известија за промена на името во Туркије

Туркије го повика грчкиот амбасадор во Анкара поради активностите на терористичките организации во Грција

Туркије го повика грчкиот амбасадор во Анкара поради активностите на терористичките организации во Грција

Ердоган: „Туркије ја издигнавме на четири клучни темели, а тоа се образование, здравство, правда и безбедност“

Ердоган: „Туркије ја издигнавме на четири клучни темели, а тоа се образование, здравство, правда и безбедност“

Турските сили за безбедност неутрализираа шестмина терористи на ПКК во северниот дел на Ирак

Турските сили за безбедност неутрализираа шестмина терористи на ПКК во северниот дел на Ирак