Furkan Abdula
05 Април 2023•Ажурирај: 05 Април 2023
СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, денес го прими на средба премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, кој престојува во официјална посета на Северна Македонија, пренесува Анадолу.
Според соопштението од Кабинетот на претседателот, соговорниците размениле мислења и информации за актуелните состојби во Европа.
Пендаровски го запозна Пленковиќ со случувањата во врска со евроинтеграциите на земјата и изрази задоволство од досегашниот тек на скрининг-процесот.
„Во таа насока претседателот посочи и дека одличната соработка на македонските и хрватските институции значително придонесува за користење на хрватското искуство во процесот на подготовките за пристапните преговори“, се вели во соопштението.
Пендаровски се заблагодари за севкупната поддршка од Хрватска за аспирациите на Северна Македонија за членство во ЕУ.