Selman Aksünger
04 Ноември 2020•Ажурирај: 05 Ноември 2020
ХАГ (АА) - Европската полициска агенција (Европол) соопшти дека се приведени 388 лица кои тргувале со деца во Европа во операциите спроведени во соработка со безбедносните единици на Португалија, Шпанија и Велика Британија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Европол се наведува дека 12 земји членки на Европската Унија дале придонес кон операциите извршени во периодот од 5 до 12 октомври.
Како резултат на операциите, приведени се 388 лица, а спасени биле 249 деца.
Исто така, во соопштението се додава дека децата се киднапирани за да извршуваат различни кривични дела, од кражби па сѐ до трговија со луѓе.