Diyar Güldoğan
29 Април 2026•Ажурирај: 29 Април 2026
Белата куќа сподели слика од претседателот Доналд Трамп покрај кралот Чарлс Трети, со опис „два крала“ за време на посетата на Чарлс на Вашингтон, јавува Анадолу.
Критичарите на Трамп го користеа слоганот „Без кралеви“ за време на националните протести против неговата администрација.
Во неделата Трамп за Си-би-ес њуз изјави дека тој „не е крал“.
„Јас не сум крал, да бев крал, немаше да си имам работа со вас“, рече Трамп во интервјуто.
Од инаугурацијата на Трамп минатиот јануари низ целата земја се одржаа повеќе протести под слоганот „Без кралеви“ против политиките на Трамп, растечките трошоци за живот и војната против Иран.