İlayda Çakırtekin
10 Јули 2026•Ажурирано: 10 Јули 2026
Најмалку 12 лица загинаа во шумски пожар што избувна вчера во Општината Лос Галардос во покраината Алмерија во јужниот регион Андалузија во Шпанија, објави радиодифузерот РТВЕ, пренесува Анадолу.
Според службите за итни случаи на Андалузија, жртвите биле пронајдени во селце на соседната Општина Бедар, а некои биле најдени во возила зафатени од пламенот.
Антонио Санц, вршител на должноста министер за здравство и вонредни ситуации на Андалузија, го опиша пожарот како „пожар со најголеми последици досега“ во регионот и го нарече „невидена трагедија“.
Властите го подигнаа планот за одговор на пожари во регионот на вонредна фаза бидејќи пожарот и понатаму се шири, а шпанската Воена единица за вонредни ситуации (УМЕ) распореди 150 лица за да ги зајакне напорите за гаснење на пожарите.
Пожарот и силниот чад, исто така, доведоа до затворање на два главни пата во покраината.
Одделно, околу 1.000 луѓе беа евакуирани како мерка на претпазливост поради друг шумски пожар што избувна вчера попладне во јужната покраина Малага.
Пожарот сè уште е активен, а речиси 180 лица се ангажирани за негово гаснење.