Emre Aytekin
22 Јуни 2019•Ажурирај: 23 Јуни 2019
ХОНОЛУЛУ (АА) - Девет лица го загубија својот живот во авионската несреќа која се случи на островот Оаху во американската сојузна држава Хаваи, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Дирекцијата за транспорт во Хаваи, Тим Сакахара, информираше дека авионот од типот „Beechcraft King Air“ се срушил во близина на аеродромот „Дилингам“, кој се наоѓа на Северниот Брег.
Тој рече дека во несреќата смртно настрадале девет лица кои се наоѓале во авионот.
По несреќата, автопатот до овој аеродром е затворен за сообраќај.
Сѐ уште не се знае дали авионот се срушил при полетување или слетување.