Rabia İclal Turan
12 Август 2026•Ажурирано: 12 Август 2026
Конгресменката Илхан Омар ја освои демократската номинација во петтиот конгресен округ во Минесота, според предвидувањата на американските медиуми, пренесува Анадолу.
Омар, демократка што го претставува округот со центар во Минеаполис и има четврти мандат, освои повеќе од 80 отсто од гласовите против неколку противкандидати на партиските избори, објави Си-би-ес њуз.
Со преброени повеќе од 95 отсто од гласовите, неофицијалните резултати покажаа дека Омар води со 122.640 гласа пред Џули Транг Ле со 10.201 глас и Латонија Т. Ривс со 9.131 глас, објави „Њујорк тајмс“.
Противкандидати на Омар на демократските избори беа Ле, поранешна федерална обвинителка, Ривс, Абена Мекензи и Нејт Шлутер.
На републиканските партиски избори за истото место, според предвидувањата, победил Џон Нејгел со 52,1 отсто од гласовите.