Sayed Khodaberdi Sadat
30 Март 2019•Ажурирај: 31 Март 2019
КАБУЛ (AA) - Во Авганистан е изведен напад врз конвојот на првиот заменик претседател на таа земја Рашид Достум, јавува Anadolu Agency (AA).
Достум помина без повреди. Говорејќи за медиумите првиот заменик на авганисанскиот претседател рече дека атентатот е изведен дека одел од Мезар-и Шериф во Шибирган.
Според неговите зборови, нападот го изведоа талибаните. Достум потврди дека во нападот загина еден член на обезбедувањето а двајца се ранети.
Меѓутоа, гласноговорникот на талибаните Забихулах Муџахит наведе дека во атентатот загинале четворица членови на обезбедувањето.