Soner Kılınç
14 Март 2018•Ажурирај: 15 Март 2018
АФРИН (АА) - Турскиот војник, Орхан Сурмен, вчера загина недалеку од Африн, за време на операцијата „Маслинова гранка“, откако била активирана експлозивна направа скриена под Куранот, кој се обидувал да го подигне од земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Операцијата „Маслинова гранка“, која Турските вооружени сили, со цел воспоставување безбедност и неутрализација на терористите на ПКК/КЏК/ПЈД-ЈПГ и ДЕАШ во Африн, ја покренаа на 20 јануари, е продолжена со деминирање на терен и пружање помош на цивилите во селата во близина на Африн, ослободени од терористичките елементи.
Неименувани безбедносни извори соопштија дека војникот Орхан Сурмен починал во селото Дермасанли, на периферијата на Африн, откако го подигнал Куранот, под кој се наоѓала експлозивна направа.
Изворите истакнаа дека терористите ја искористиле внимателноста на турските војници кон верските вредности. Тие додадоа дека останатите војници биле предупредени дека можат да наидат на слични замки. Исто така, порачаа дека терористите, дури ни со вакви потези нема да успеат да ја саботираат операцијата.
На споменатото подрачје до денес се уништени неколку илјади експлозивни средства, кои биле скриени меѓу разни предмети, па дури и помеѓу садовите за храна.
Неименувани извори истакнаа дека терористите со овие експлозивни направи управуваат, користејќи далечински управувачи и дека е јасно дека на тоа ги подучиле странски разузнавачки служби.
Слични методи терористите користеа и во турските градови Силопи, Џизре, Хакќари, Јуксекова, Мардин, Ширнак...