Michael Gabriel Hernandez
12 Мај 2026•Ажурирај: 12 Мај 2026
Американскиот претседател Доналд Трамп на 26 мај ќе биде подложен на својот годишен систематски преглед во Националниот воено-медицински центар „Волтер Рид“, соопшти Белата куќа, пренесува Анадолу.
„Ова ќе ги вклучи рутинските годишни стоматолошки и медицински прегледи на претседателот како дел од неговата редовна превентивна здравствена заштита“, се наведува во соопштението.
„Претседателот исто така ќе помине време со припадниците на службата и персоналот во 'Волтер Рид' во знак на признание за нивната служба, професионализам и посветеност на нацијата.“
Здравствената состојба на 79-годишниот Трамп е под лупа на јавноста поради честите модринки на неговите раце, кои се видливи и покрај шминката. Белата куќа ги образложи овие појави како последица на секојдневното користење аспирин и бројните ракувања во рамките на неговите претседателски обврски.
Тој, исто така, постојано е виден со отечени глуждови, состојба која неговите лекари ја припишуваат на хронична венска инсуфициенција.
Американскиот претседател последен пат го посети стоматологот за време на едно од неговите редовни викенд-патувања во Флорида на 2 мај.
Трамп во октомври откри дека направил магнетна резонанција (МРИ) за време на втората хоспитализација минатата година, но не ја соопшти причината за прегледот, ниту пак прецизираше за кој дел од телото станува збор.
Подоцна изјави дека тестот не бил магнетна резонанција туку компјутерска томографија (КТ) и рече дека жали што открил дека бил подложен на прегледот бидејќи тоа поттикнало прашања за неговото здравје.
Трамп во јуни ќе наполни 80 години. Тој веќе беше најстариот американски претседател кој бил инаугуриран кога ја положи заклетвата во јануари 2025 година.