Betül Yürük
20 Септември 2022•Ажурирај: 21 Септември 2022
ЊУЈОРК (АА) - Високиот претставник за надворешни односи и безбедносна политика на Европската унија (ЕУ) Жозеп Борел истакна дека одлуката за воена помош за Украина ќе можат да ја донесат во октомври, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Борел, кој престојуваше во Њујорк на 77. Состаноци на Генералното собрание на Обединетите нации, даде изјава за медиумите.
Одговарајќи на тврдењата на Русија дека најголемиот дел од житото што се извезува од Украина оди во ЕУ, Борел рече: „Поголемиот дел од извозот на жито од Украина испратен е во земјите на кои им е потребна. Може да ги видите податоците. Видете ја статистиката. Две третини од извозот на Украина отиде во Африка, Блискиот Исток и Азија“
Во врска со одлуката на ЕУ за воена помош за Украина, Борел истакна: „Се надевам дека ќе можеме да ја донесеме оваа одлука на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во октомври... Можно е да има предлог на состанокот на министрите за надворешни работи во октомври, а тоа ќе биде многу брза процедура“.
Жозеп Борел не даде детали за каква воена помош станува збор.