Diyar Güldoğan
14 Јули 2026•Ажурирано: 14 Јули 2026
Бројот на жртви од двата последователни земјотреси во Венецуела минатиот месец се искачи на 4.561, соопшти претседателот на Националното собрание, Хорхе Родригез, јавува Анадолу.
Родригез рече дека вкупно 16.740 лица се повредени.
Властите обезбедија помош за 128.324 семејства и формираа 107 привремени прифатни центри за 20.231 лице, додека 17.907 лица остануваат без постојан дом.
„Земјотресите оштетија 856 објекти, вклучително и 190 кои се урнати“, рече Родригез.
Како што јави Геолошкиот завод на САД, два земјотреси со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени ја погодија јужноамериканската држава на 24 јуни.